
Македонија
Фејсбук
Универзитетската професорка и колумниста проф. д-р Билјана Ванковска на социјалните мрежи напиша статус во која наведе дека Македонците се изедначија со Албанците на сите полиња.
Таа напиша дека Македонците го изгубиле правото на самоопределување како свој народ, а на сцена допрва треба да стапат како граѓани или да исчезнат.
Ванкоска наведе дека Македонија се изедначи со Албанците, Ромите и други националности кои го зацврстија идентитетот на Македонија.
Билјана Ванковска е универзитетски професор и колумнист, активна во повеќе меѓународни научни здруженија. Во јавноста е позната како чест гостин на домашни и странски медиуми и коментатор на актуелните политички и меѓународни случувања.

Статус на Билјана Ванковска:
Со ваквите изјави, и на Пендаровски и на Димитров и на сите останати, она што досега беше изградено (колку и да беше далеку од успешно или комплетно) на планот на македонскиот демос, сега се урна и се сведе на етнос!
Македонците „конечно“ се изедначија со Албанците, Ромите, Турците, Србите, итн. Според „генијалциве“ кои го „зацврстија“ идентитетот, продавката македонско/македонски има исклучиво ЕТНИЧКИ предзнак, па како таква ќе се употребува ограничено – само кога се работи за македонската етничка заедница (сори, ама таков е статусот фактички).
Сега можете да си ја репризирате дебатата на Колозова (на Алфа гостувавме заедно минатото лето) во кое го тврдеше обратното и се обиде сите да не’ направи националисти.
Поентата е во тоа што после една историска епизода, која траеше од 1944-2019, Македонците го изгубија правото на самооопределување како народ, а на сцена треба да стапат или како „граѓани на ???“ или да исчезнат!
Сега јасно ви е зошто мораа да го редефинираат АСНОМ? Оној АСНОМ извојуван со крвта на сите наши предци!А вие и натаму седете си дома и бојкотирајте, овој ќе го „бетонира“ новиот инженеринг. Останува само уште жолти ѕвезди да ни залепат на ракавите и на туширање да не однесат нас кои се спротивставуваме…
Таа има објавено повеќе книги и 100-тина научни статии и поглавја на повеќе странски јазици. Колумнист и соговорник на медиумите во Македонија и надвор од неа.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.