Во интервју за порталот civilmedia.mk Зоран Заев одговара за актуелните случувања во државата

Објавил: Узунов Бобан | 20 јануари, 2019 15:02

Заев: Со законот за амнестија обезбедивме двотретинско мнозинство за Преспанскиот договор

Фото/Текст извор: ©civilmedia.mk/магазин

Во интервју за порталот civilmedia.mk Зоран Заев одговара за актуелните случувања во државата меѓукои еден од најбитните Законот за амнестија и процесот на помирување.

Зоран Заев смета дека бегството на Груевски никако не припаѓа во процесот на помирување и градење доверба меѓу различните политички структури во општеството. Напротив, бегството на Груевски е чин на неодговорност и предавство кон сопствената држава и сопствениот народ. Исто така, воведувањето домашни притвори за дел од обвинетите од случаите на СЈО се одлуки на судските власти каде немаме намера и никако не смееме како извршна власт воопшто да се мешаме – доста беа нарачки на судски одлуки и тефтери, видовме до каде нѐ доведе тоа. 

Премиерот Зоран Заев во неколкуте изјави ја убедуваше јавноста дека амнестија за 27 април нема да има за сега да признае дека Преспанскиот договор е резултат на амнестијата.

Јас досега неколку пати јавно реков: Исправен сум пред одлуки кои можат да ѝ нанесат сериозни штети на личната политичка кариера. Да се води Влада на Република Македонија во овие сензитивни моменти значи да се презема одговорност да се остварат најважните стратешки приоритети на земјата.

Ако целта ми беше да владеам, ќе се занимавав само со ултра популарни чекори. Но, јас не го правам ова за да владеам, туку за да завладеат перспективите  во Македонија – за да живеат подобро вашите, нашите деца.

Политичките процеси, во меѓувреме ги искомплицираа токму политичките лидери на кои единствена важна цел им беше уште еден мандат и пари за партијата и за нивните истомисленици.

Политиката која јас ја застапувам и ја спроведувам бара големи жртви и компромиси. Ама, јас научив дека компромисот го прифаќаш ако гледаш дека веднаш после него си чекор поблиску до целта.

Затоа, токму јас ја отворив дебатата за неопходното помирување и за простување, кое што ни е потребно во државата, за да ги движиме процесите напред. Тоа не е нешто ново и сега, наменски, смислено. Се сеќавате дека наши беа пораките “нема реваншизми, нема бркање од работа на неистомислениците”? Помирувањето е дел од истиот концепт, дел од идејата да се разговара и да се прифатат различните.

Законот за амнестија која е строго контролирана и ограничена, има за конечна цел да придонесе кон помирување помеѓу народните избраници од различни партиски определби во Собранието на Република Македонија, со тенденција тоа да продолжи по вертикала и кај навивачките групи и во општините и кај подмладоците во партиите и насекаде. Самиот Закон, прави јасна дистинкција, разграничување, што значи учество во насилството, за улогата на маскираните луѓе во насилствата и настаните, што значи организацијата или осмислувањето на настанот. Истовремено ќе ја испрати пораката дека казнувањето мора да постои.

Овој процес истовремено овозможи и амбиент на доверба меѓу пратениците во Собранието, амбиент во кој ја обезбедивме и двотретинската поддршка за измените на Уставот согласно Договорот од Преспа

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести