МАНУ избра нови членови

Објавил: admin@magazin | 10 јуни, 2018 13:13

Омер Калеши стана почесен член на МАНУ

Фото/Текст извор: ©Министерство за култура

Светски познатиот уметник со македонско потекло, Омер Калеши на последното Изборно собрание на Македонската академија на науките и уметностите, одржано во средата  е избран за почесен член на Академијата.

Калеши е уметник со македонско потекло од татко Албанец и мајка Македонка.  Тој е роден во кичевското село Србица во 1932 година, кој во раните свои години емигрирал во Турција, каде што во Истанбул студирал на Ликовната академија.

Во средината на 60-тите години на минатиот век се сели во Париз каде што и денес живее создавајќи дела кои се изложувани низ целиот свет.

За дописен член на МАНУ е избран проф. д-р  Блажо Боев, а за член на Академијата  надвор од работниот состав е избран академик Владимир Костиќ.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.