Претседателството на МАНУ на денешната седница донесе одлука и апелираше до Владата на Македонија да им даде поголемо значење и финансиска поддршка за проектите за научно истражување на македонскиот јазик.

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 декември, 2019 16:02

МАНУ возврати на БАН: Постоењето на македонскиот јазик е факт

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На денешната седница претседателството на МАНУ се произнесе за ставот на Бугарската академија на науките (БАН) и објави соопштение до јавноста. 

Постоењето на македонскиот јазик е факт, меѓународно верификуван од светската лингвистичка наука. Оттука, секоја расправа за оваа проблематика ја сметаме за беспредметна и спротивна на духот на меѓусебната соработка на МАНУ и БАН, соопшти Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ)стои во соопштението.

Собранието на МАНУ на 3 декември усвои Повелба за македонскиот јазик во која ги изнесува научно признатите факти за македонскиот јазик. Повелбата, како што соопшти МАНУ, ги зацврстува ставовите на Академијата за потребата од засилена и континуирана поддршка на научните истражувања на македонскиот јазик и македонските дијалекти, водејќи се од строго научни начела.

Претседателството на МАНУ на денешната седница донесе одлука и апелираше до Владата на Македонија да им даде поголемо значење и финансиска поддршка за проектите за научно истражување на македонскиот јазик.

– Ја користиме оваа пригода да апелираме до Владата на Република Северна Македонија за потребата проектите за научно истражување на македонскиот јазик врз кои работи МАНУ и другите соодветни институции, во иднина да добијат приоритет и позначајна финансиска поддршка од Владата – соопшти МАНУ.

Собранието на МАНУ на 3 декември усвои Повелба за македонскиот јазик во која ги изнесува научно признатите факти за македонскиот јазик. Повелбата, како што соопшти МАНУ, ги зацврстува ставовите на Академијата за потребата од засилена и континуирана поддршка на научните истражувања на македонскиот јазик и македонските дијалекти, водејќи се од строго научни начела.

За потсетување на седницата која Бугарската академијаја одржа на 11ти декември донесе одлука дека македонскиот јазик е бугарски дијалект.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести