Професорката Јасна Котеска за новото име на нашата држава

Објавил: Узунов Бобан | 26 јануари, 2019 11:11

Проф. Котеска поддржувач на Шарената револуција: Преспанскиот договор е катастрофа

Фото/Текст извор: ©магазин

Јасна Котеска професорка на Филозофскиот факултет, една од највлијателните интелектуалци активна на социјалните мрежи, која своевремено беше и силен поддржувач на Шарената револуција, на твитер објави дека Преспанскиот Договор е катастрофа за кого ќе добиеме само членство во воена алијанса и ништо друго. 

Твитовите на проф. Котеска каде дава мислење за Преспанскиот договор и неговото меѓународно значење

Професорката Котеска го спомена евроамбасадорот Жбогар кој не криел дека со Преспанскиот договор само требало да се спречи источно влијание, алудирајќи на тоа дека овој Договор нема никаква вредност за македнските национални интереси. 

Дополнително Котеска додава дека Македонија “паѓа во несвест” затоа што што во Грчкото собрание обзнанило за егзодусот на Македонците во Грција што е едноставен историски факт со тоа алудирајќи на говорот на Ципрас  во Парламентот на денот на ратификација на Преспанскиот договор. 

Јасна Котеска е меѓународно познат професор по филозофија  и писател со голем број на издадени научни трудови признати во светот. Таа е ќерќа на познатиот поет Јован Котески кој бил осуден на пет годишна робија во бивша Југославија под обвинение дека се залагал за создавање на независна македонска држава.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести