Во текот на минатата ноќ, Петровски не е хоспитализиран затоа што немало место ниту во Градската болница, ниту на државната клиника.

Објавил: Перо Милчин | 19 мај, 2019 15:11

Скопски бизнисмен брутално претепал газда на менувачница во Скопје!

Фото/Текст извор: ©цивил медиа

Според исказите на очевидци, скопскиот бизнисмен Спиро Чорогунов, го претепал Бранко Петровски вчера, околу 13 часот во најстрогиот центар на Скопје. Чорогунов е сопственик на хотелите „Александар Сквер“ и „Александар 2“ во центарот на Скопје, градежната фирма „Караорман“ и неколку други бизниси.

Во најнепосредна близина на хотелот „Александар 2“ на Чорогунов се наоѓа малата менувачница на Петровски и неговото кафуле „Гарсон“, повеќе години познато како омилено собиралиште на млади уметници, новинари и граѓански активисти.

Чорогунов го извршил нападот врз Петровски во најнепосредна близина на хотелот „Александар 2“, изграден минатата година, откако претходно се му го попречил патот и побарал од него да ја симне рекламата за неговата менувачница што таму е поставена пред 19 години.

Откако Петровски мирно побарал од него да му дозволи да продолжи по патот, Чорогунов го нападнал со тупаници, го кутнал на земја и продолжил силно да го удира во пределот на лицето. Последиците од овој напад се видливи, скршена вилица и тешка повреда на левото око на Петровски.

Во текот на минатата ноќ, Петровски не е хоспитализиран затоа што немало место ниту во Градската болница, ниту на државната клиника, иако тоа го побарало неговото семејство, бидејќи обилно му крварел носот и не можел да заспие од болки и од тоа што се гушел во сопствената крв.
Соседството е крајно вознемирено и потресено од овој тежок инцидент. Го знаат Петровски како мирен, тивок и добар сосед, кој неодамна извојувал успешна битка со ракот.

Поради хемотерапијата и лекарствата што сѐ уште ги прима, тој физички бил немоќен да се одбрани од жестокиот напад. Непосредно по нападот, Чорогунов му рекол дека му е криво што не го убил.

Полицијата, според неофицијални информации, го привела Чорогунов, иако тој се противел на приведувањето, затоа што се спремал да оди на свадба. Во овој момент, не е познато дали напаѓачот е во притвор или бил на свадба во текот на минатата ноќ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Маж во безсознание лежел покрај автопатот Скопје- Куманово, па откако го забележале лицето било пренесено на Клиника каде е утврден неговиот идентитет.

Избодено дете во ЈСП – лекарите се борат за неговиот живот, и маж во бесознание итно пренесен во болница

Крвав инцидент во градскиот превоз во Скопје. Според информаците на МВР, три лица се...

Превземени се мерки и активности при што е констатирано дека 50 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

И покрај контролите на МВР – скопските улици се уште се како фронт во кој страдаат возачите

Македонската полиција со полни раце работа, секој ден билтенот на МВР е полн со инциденти...

За време на мечот настанал инцидент, причината е недосуден офсајд за домашниот тим, по што фанови влетале во терен.

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ДЕБАРЦА СО ДЕТАЛИ: Апелирам да не се политизира настанот, или да се поврзува со политички процеси

По немилиот настан кој се случи во Охрид со приведени навивачи и играчи од фудбалски...

Пред полициската станица во Охрид во моментов се наоѓаат триесетина соселани, роднини и пријатели на тројцата уапсени вечерва.

ПОЛИТИЧКИ РЕВАНШИЗАМ: Приведени фудбалери и навивачи – блокиран влезот кон СВР Охрид!

Еден фудбалер на ФК Волино е меѓу приведените кои во моментов се наоѓаат во охридската...