Имено тој рече дека притвореникот кој почина во истражниот затвор “Скопје”, чиј тест покажа дека бил заразен од корона вирусот, практично се бањал во иста бања со Боки 13, а воедно храна им носело исто лице. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 10 април, 2020 17:37

Адвокатот на Боки 13: Починатиот притвореник кој беше заразен од коронавирус се бањал во иста бања со Бојан!

Фото/Текст извор: ©magazin.mk извор опуштено.мк

На вчерашното рочиште за предметот Рекет, адвокатот на првообвинетиот Боки 13, Сашко Дуковски го осуди судот за нивната одлука за денешното закажано рочиште, бидејќи како што вели Боки 13 можеби и е позитивен на Коронавирус.

Денешното рочиште за случајот Рекет беше одложено поради ситуацијата со коронавирусот!

Имено тој рече дека притвореникот кој почина во истражниот затвор “Скопје”, чиј тест покажа дека бил заразен од корона вирусот, практично се бањал во иста бања со Боки 13, а воедно храна им носело исто лице. 

-Притвореникот кој почина бил еден спрат под ќелијата на Бојан Јовановски. Се бањале во иста бања, храна им носеле исти командири и сл. Наместо да биде во изолација, денеска беше донесен на судење. Контактирав со него. Замислете, што ќе се случи доколку е недај боже заболен. Сите што бевме во судницата постои ризик да сме заразени, вели Дуковски, кој истакнува дека утрешното судење мора да биде одложено.Како можеа градоначалникот на Чешиново-Облешево да го изолираат и сите останати вработени во општината, или сите вработени во болницата “Плодност”, а да не важи и за притворениците, прашува Дуковски.

Воедно денеска судењето за случајот „Рекет“ беше одложено, а ќе продолжи  на 24 април. Токму како што и посочи адвокатот на Боки 13, дека треба да се одложи рочиштето поради состојбата со корона вирусот во Затворот Шутка.

Случајот се наоѓа во фаза на дополнение на доказна посапка, а на денешното рочиште требало да се презентираат вештачења на ЈО.

– Денешното рочиште се одложи поради состојбата со коронавирусот во Затворот Шутка и треба да продолжи на 24 април. Во фаза сме на изведување на докази од ЈО – вештачења за кои треба да се потврди дали тие вешти лица имаат лиценци и да се пристапи кон изведување на тие вештачења, информираше за МИА, адвокатот на Катица Јанева, Дељо Кадиев.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести