Oбвинителството да испита дали Јанева постапувала како што говори Боки 13

Објавил: Узунов Бобан | 8 август, 2019 14:04

Адвокатот Тортевски: Oбвинителството да испита дали Јанева постапувала како што говори Боки 13

Фото/Текст извор: ©магазин

Спомeнувањето на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева од страна на првосомничениот во предметот Рекет, Бојан Јовановски – Боки 13, кој, како што се слуша во снимката објавена од италијанскиот весник Ла Веритас, претставува доволна почетна индиција за дополнителни проверки и испитувања, вели во изјава за Фокус адвокатот Александар Тортевски.

-Од кривично-правен аспект, Јанева не е компромитирана бидејќи се споменува од друго лице, меѓутоа нејзиното соменување, со оглед дека се работи за висок функционер, е доволно за дополнителни проверки во однос на содржината на разговорот. Треба да се испита како се однесувала во конкретниот предмет, дали се случиле деталите што се зборуваат, дали однесувањето било чудно и невообичаено во однос на други предмети – вели Тортевски.

Според него, оваа снимка е сосема доволна Јанева макар да биде повикана на распит, доколку, како што вели, тоа не било сторено во рамки на предистражната постапка. Тој посочува дека во оваа насока треба да се испитаат и соработници на Јанева. 

Хронологија на настаните:

Од решението може да се види дека мерката притвор на Камчев, на барање на СЈО, првпат му е одредена на 10.11.2018 година со траење до 10.12.2018 година. Со решение на Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 Скопје притворот е продолжен од 07.12.2018 за уѓште 30 дена до 09.01.2019 година, а Апелациониот суд мерката притвор ја ублажува во мерка куќен притвор на 27.12.2018 до 26.01.2019 година. Со решение на Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 Скопје, домашниот притвор е продолжен од 25.01.2019, сметано од 26.01.2019 до 08.02.2019 година и продолжен со решение на Апелациониот суд Скопје од 07.02.2019 за уште 30 дена сметано од 08.02.2019 до 10.03.2019 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести