Уписот на учениците во прво одделение за учебната 2020/2021 ќе се реализира во јуни, а се уредува уписот во институциите за високо образование.

Објавил: Рејхан Бајрами | 30 април, 2020 21:16

АДЕМИ: Учебната година ќе заврши без државна матура и завршен испит!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Оваа учебна година нема да има државна матура, како и школската матура и завршниот испит за тригодишни и четиригодишни средни училишта. Учениците од основните и средните училишта ќе ја завршат учебната година од дома, вели Министерот за образование и наука Арбер Адеми.

Учениците од основните и средните училишта нема да се вратат во училишните клупи до крајот на учебната година, откажана е државната матура, школската како и завршниот испит за оваа учебна година.

На денешната прес-конференција, министерот за образование Арбер Адеми соопшти дека поради укинувањето на државната матура, на факултетите ќе имаат можност да се запишат и средношколците што ќе добијат диплома за завршено средно образование.

„Тековната учебна година ќе продолжи да се одржува до крај преку настава на далечина, односно од дома. Учениците нема да се вратат во училишните клупи до 10 јуни“, истакна Арбер Адеми.

Регистрирањето на првачињата ќе се врши во јуни додека резултатите ќе се објават на 15 јули. До овој датум, ќе соопшти Државниот просветен инспекторат кои ученици не се регистрирани во прво одделение, а треба да се регистрираат според Законот за основно образование, вклучувајќи го и начелата за основното образование – рече Арбер Адеми- МОН.

Уписот на учениците во прво одделение за учебната 2020/2021 ќе се реализира во јуни, а се уредува уписот во институциите за високо образование.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Образование

„Основците добиваат нови учебници и помошни наставни материјали, значително е модернизирана настава во средното образование, со многу нови дуални паралелки и компании партнери на училиштата“, вели Јетон Шаќири, министер за образование.

Сите предмети во една книга – учебната година почна, учебници нема

Вака изгледа привремениот „учебник“ за петто одделение. Четири во едно,  македонски...

„Со оваа одлука се утврдува дека бројот на наставните денови во тековната учебна година во средните училишта изнесува 146 наставни денови, односно дека нема продолжување на учебната година“, велат од Владата.

Нема продолжување на учебната година

Владата на Република Македонија на денешната редовна 44 седница ја донесе Одлуката...

Согласно овие предлози, Владата донесе заклучок според кој престануваат да важат сите рестриктивни мерки, освен задолжително носење заштитни маски во здравтсвените установи, аптеките и во установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост.

Се укинуваат КОВИД-19 протоколите во предучулишните установи!

МТСП: Се укинуваат КОВИД-19 протоколите во предучулишните установи! Владата на Република...

МОН потсетува дека во периодот од 20ти до 30ти, односно 31ви во секој месец е отворена можноста за аплицирање за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за сите оние студенти кои претходно не ги исполнувале условите, или од било какви причини не аплицирале.

Извршена е исплата на средства за субвенциониран студентски оброк на над 28 илјади корисници на ова право

Извршена е исплата на средства за субвенциониран студентски оброк на над 28 илјади...