Кои луѓе ќе бидат дел од кабинетот на Пендаровски ?

Објавил: Узунов Бобан | 13 мај, 2019 15:23

Активистка за правата на мигрантите дел од кабинетот на Стево Пендаровски ?

Фото/Текст извор: ©магазин

Владиниот портпарол, Миле Бошњаковски, најверојатно ќе биде дел од тимот на претседателот, Стево Пендаровски. Според извори на „Фокус“ Бошњаковски ќе премине во кабинетот на Пендаровски, но нема и понатаму да биде задолжен за односи со јавноста, туку најверојатно ќе ја заземе позицијата шеф на кабинет на претседателот. 

Дали со евентуалниот избор на Мерсиха Смаиловиќ во неговиот кабинет, Стево Пендаровски испраќа порака дека ќе води политики и стратегии кои ќе значат интеграција за мигрантите ? Неодамна министерката за одбрана Радмила Шеќеринска изјави дека мигрантската криза е нова реалност за која мора да се навикнеме.

Едно од имињата кои се споменуваат дека би можеле да бидат дел од кабинетот на претседателот Пендаровски е и Мерсиха Смаиловиќ која е позната во јавноста како активист и претседател на невладината организација НВО Легис (Скопје), и беше многу активна во помагањето на бегалците и мигрантите кои што поминуваа низ Македонија на почетокот на бегалската криза. 


Мерсиха Смаиловиќ е родена 1984 год.во Скопје. Нејзиното семејство е од Санџак, Р.Србија, а се доселуваат во Скопје во 50-тите години. Дипломирала при универзитетот Св. Кирил и Методиј во 2008 година и е единствената студентка која носела марама на Правниот факултет.  Уште во своите рани средношколски денови е активна во невладиниот сектор каде наоѓа простор да се бори за етаблирање на хуманизмот во рамките на општествената социјализација. Со запишувањето на правните студии, активизмот го насочува кон женските муслимански кругови. Моментално работи како правен консултант, во компанијата во која е коосновач, Нахла Консалтинг и е претседател на Здружението за жени ЕДУ/НИСА. 


Новоизбраниот шеф на државата, инаку, деновиве го екипира својот кабинет. Освен Бошњаковски, најверојатно во кабинетот на Пендаровски ќе влезе и универзитетскиот професор Александар Спасов, кој ќе биде еден од советниците.

Неофицијални извори велат дека во тимот на Пендаровски ќе биде и поранешната новинарка, Катерина Цаневска, која беше портпарол на екс градоначалник на Центар, Андреј Жерновски.

Во изборот на Пендаровски биле и Ана Чупевска Станишковска, доцент на Правен факултет. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести