Потеклото на месото било од Бразил

Објавил: admin@magazin | 4 јули, 2018 10:17

Албанија: Запленети 50 тони пилешко месо со салмонела

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Албанската национална агенција за храна запленила 50 тони пилешко месо заразено со салмонела.

Резултатите од анализата на месото покажале високо ниво на салмонела во примероците и веднаш е почната процедура за враќање на месото во Бразил.

Во текот на оваа година, блокирани се и вратени пет други контејнери со 130 тони месо увезено од Бразил, објавија локалните медиуми.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.