Владата, вонредна состојба, поради „природна непогода“ на целата територија на земјата, прогласи на 24 март и тоа за период од 30 дена.

Објавил: Владо Марин | 23 април, 2020 15:30

АЛБАНИЈА ОДЛУЧИ: Вонредната состојба продолжена до 23 јуни!

Фото/Текст извор: ©Магазин

Албанскиот Парламент со 91 глас „за“ ја усвои одлуката со која вонредната состојба во земјата останува на сила до 23 јуни поради пандемијата со коронавирусот, пренесува Телма.

Албанската влада на 24 март прогласи, вонредна состојба, поради „природна непогода“ на целата територија на земјата за период од 30 дена.

„Се дава согласност за продолжување на вонредната состојбата поради природна непогода, прогласена со решение бр. 243, од  24.03.2020 година на Советот на министри до 23.06.2020 година“, се наведува во донесената одлука,за која гласаа и пратениците од опозицијата.

Од присутните пратеници петмина беа против додека тројца воздржани.

Албанската влада во исто време најави дека ќе почне со олеснување на рестриктивните мерки, доколку состојбата со заразата продолжи да биде стабилна

Според последните информации од Министертвото за здравство и социјална заштита,во земјата дијагностицирани со „Ковид-19“ се 663 лица, оздравени 385, додека починати се 27 лица.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.