„За 18 години постоење имаме 16 победи. Овој конгрес ќе стави печат на уште една нова победа за ДУИ. Ние сме двигатели на политичките процеси во земјава. И ќе победиме на 12. април“ - изјави лидерот на ДУИ.

Објавил: admin@magazin | 21 декември, 2019 21:32

АЛИ АХМЕТИ : Од КИРАЏИИ станавме господари во сопствениот дом!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Али Ахмети вечерва беше реизбран за лидер на ДУИ на четвртиот изборен Конгрес на партијата.

За Ахмети гласаа повеќе од 800 делегати на настанот што се одржа попладнево во СРЦ „Кале“ во Скопје.

Тој пред присутните членови и гости од владејачката СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ, изјави дека пропагираат помирување, а не конфронтација.

„Ние сме за помирување и консензуално одлучување за сите важни прашања за Р.Македонија. Оној кој нема да го Почитува Рамковниот и Преспанскиот договор не може да биде партнер со нас. Од кираџии станавме господари во сопствениот дом. Многу политички противници сакаат да се на наше место но не им успева. ДУИ делува како орелот кој ја прати и следи својата цел“ – рече Ахмети

„За 18 години постоење имаме 16 победи. Овој конгрес ќе стави печат на уште една нова победа за ДУИ. Ние сме двигатели на политичките процеси во земјава. И ќе победиме на 12. април“ – изјави лидерот на ДУИ.

„Не очекува многу тешка задача. Не треба да застанеме на една резолуција за владеење на правото и ветингот, туку треба да се одработи сериозна работа за во државата да владее правото, да се спроведе добар и чист ветинг, прочистување на лицата кои ќе управуваат со законодавството“, изјави Ахмети и додаде:

Ахмети рече дека работите кои не очекуваат во иднина не се мали.

Нам ни останува да бидеме силни и стабилни во насока на полно почитување на Охридскиот договор, Преспанскиот договор како и Договорот за добрососедство. нема враќање назад“, изјави Ахмети.

Ова е четврти конгрес на ДУИ кој се одржа во Скопје, а беа донесени и резулуциите за консензуална интеграција, ветинг, квалитетен живот, развој и работни места со акцент пред се на младите. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.