Ова за експертската јавност доволно кажува за како што велат несериозниот пристап на обвинителството

Објавил: admin@magazin | 8 јуни, 2018 12:17

АЛФА: Несериозниот пристап на ОЈО држеше во притвор невин човек 8 месеци

Фото/Текст извор: ©алфа

Единаесет месеци на јавното обвинителство му требало од доказ кој го имал уште во пред истражна постапка да утврди дека Сашо Сенков не направил никакво кривично дело, односно не се обидел да го убие пратеникот Зијадин Села. Од обвинителството се правдаат дека клучната снимка била во доказите за да се утврди вина кон НН лица па затоа ја виделе дури пред неколку дена.

– ОЈО ја прибави и видео снимката, во тек на дејствијата кои се преземаат од страна на ОЈО Скопје во пред истражна постапка за расветлување на учеството на други НН лица во предметот за кој е веќе поднесен Обвинителен акт. Видео записот во својата содржина откри факти кои немаат само влијание за текот на пред истражната постапка кон други НН лица, туку и кон веќе обвинетите со Обвинителниот акт. Од тука, надлежниот јавен обвинител веднаш ја достави видео снимката како дополнение на доказната постапка, која што беше прифатена како доказ и од страна на судот, велат од ОЈО за Алфа.

Ова за експертската јавност доволно кажува за како што велат несериозниот пристап на обвинителството во вака тешки процеси.

Вчера јавното обвинителство го ослободи од кривична одговорност Сашо Сенков кој од октомври лани го држеше притворен во Шутка, беше обвинет дека со уште 9 други лица критичниот 27 април 2017 во Собранието се обиделе да го убијат пратеникот Села. Сите докази меѓу кои и снимките од камерите, односно клучната за ослободување на Сенков обвинителството ги имаше уште во јули 2017 година. Вчера освен што го ослободи Сенков од кривична одговорност, ОЈО, обвинението го смени за уште двајца, односно повеќе нема да ги гони за убиство во обид туку за насилство.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.