– Сите факултети кои ми доделија почесни докторати можат да очекуваат повик од мене кога повеќе нема да бидам канцеларка – изјави Мекел во училиште за менаџмент во Лајпциг, пренесува Ројтерс.

Објавил: Перо Милчин | 1 септември, 2019 10:02

Ангела Меркел откри што ќе работи по завршувањето на мандатот!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Германската канцеларка, Ангела Меркел, вчера попладне најави дека би можела да и се врати на својата академска кариера по истекувањето на актуелниот мандат во 2021 година.

– Сите факултети кои ми доделија почесни докторати можат да очекуваат повик од мене кога повеќе нема да бидам канцеларка – изјави Ангела Меркел во училиште за менаџмент во Лајпциг, пренесува Ројтерс.

На студентите Ангела Меркел им порачала следниот пат кога ќе влезе во образовна установа ќе се задржи подолго, Германската канцеларка Ангела Меркел во последно време ја загрижи светската јавност, поради проблемот со нејзиното здравје.

На годишната летна прес-конференција во Берлин, германска канцеларка Ангела Меркел изјави дека има разбирање за прашањата во врска со нејзиното здравје и на нив веќе дала одговор.

„Важно е што сум свесна за одговорноста како претседател на владата, би додала само дека одамна ме познавате, и јас сум во состојба да ја извршувам мојата функција“, истакна Меркел. Канцеларката, која оваа недела наполни 65 години, додаде дека кај неа постои и личен интерес за нејзиното здравје.

Познато е, во 2021 година ќе завршам со мојата политичка работа, но се надевам дека животот ќе продолжи натаму и тоа во добро здравје“, рече Меркел.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.