Сите добри луѓе уште еднаш имаат можност да ја покажат хуманоста. Овој пат, за лекување на 15 годишната Сара од Охрид чиј брат е единствен сроден донатор на коскена срцевина

Објавил: Мирко Бачиќ | 22 октомври, 2018 18:16

Апел за помош на 15 годишната Сара Настеска

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Сара Настеска има потреба од наша помош.

За да се спаси животот на 15-годишното девојче од Охрид, мора да му биде извршена трансплантација на коскена срж.

Сите граѓани можат да донираат на телефонските броеви:

T Mobile 143 102 и VIP 143 480

Anemia Аplastica е болест која ја напаѓа коскената срж и не дозволува правилна регенерација на крвта во организмот, а трансплантацијата на коскената срж е единствениот спас за неа.

Болеста кај девојчето е утврдена на почетокот на месец август, а дијагнозата е потврдена со итна биопсија која е направена во Скопје, вели таткото на Сара, Горан Настески.

На Клиниката за хематологија во Скопје беше земен примерок коскена срж од пределот на карлицата. По утврдување на болеста, следуваше тромбоцитна терапија, со која имаше значително подобрување на здравствената состојба, што не траеше долго.

На почетокот на овој месец повторно ѝ беше направена биопсија, која покажа резултати полоши отколку првата. Нашиот син Виктор има 13 години е единствен сроден донатор на коскена срцевина за неа. Во сите странски земји, третманот и лечењето на овој проблем на оваа возраст, спаѓа во рамка на специјализираните детски клиники. – вели таткото Горан.

Родителите со резултатите веќе се обратиле и воспоставиле контакти со познати клиники во Турција, Хрватска и Германија. Добиле понуди од Дизелдорф, Франкфурт, како и од специјализирана клиника во Вурзбург, од каде гарантирале висока успешност со низок ризик.

Успехот кој е постигнат во лекување на многу деца, меѓу кои и едно од нашата земја, на иста возраст и со иста дијагноза како Сара е причината поради која веруваме во нив. – рече Горан.

За да се изврши оперативниот зафат на трансплантацијата на коскената срж потребни се над 200.000 евра.

Родителите не можат сами да ги обезбедат.

Сите кои се во можност можат да помогнат со уплата на средства на следната жиро сметка: 200 001557959672 – Горан Настески, депонент Стопанска банка или на една до приложените девизни сметки.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести