Одметнатите пратеници на ВМРО - ДПМНЕ, и официјално добиле понуда да станат пратеничка група на ВМРО - НП на поранешниот претседател, Љубчо Георгиевски, но дел одбиле

Објавил: Мартин Попоски | 24 октомври, 2018 14:18

Арнаудов прв “пишман аџија”?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Исклучениот, поранешен пратеник на ВМРО – ДПМНЕ, Љубен Арнаудов, кој беше еден од осумтемина кои во петокот ги поддржаа уставните измени со изјави дека одлуката ја направил но сака се врати во партијата.

Јас сум со идеите на ВМРО – ДПМНЕ уште пред да се формира партијата, и немам намера да си одам, ниту пак некој може да ме искучи, одлуката на раководството е нестатутарна и избрзана, вели ж пратеникот Љубен Арнаудов, кој заедно со уште шестмина свои сопартијци беше искучен од партијата.

Одлуката статутарно следеше неколку часа откако во Собранието гласаше за предлогот на владата на Зоран Заев за уставни измени според Договорот за Грција кои превидуваат и промена на уставното име на државата.

ВМРО – ДПМНЕ не ја прават само дваесетмина, зад партијата стојат повеќе од 300.000 луѓе, а откако раководството со нестатутарна и избрзана одлука реши да ме исклучи секојдневно добивам огромна поддршка од други мои сопартијци и симпатизери. Во овие тешки моменти треба да се биде чесен и да се настапува со разум. – вели Арнаудов.

Тој тврди дека не постапил спротивно на партискиот Статут, каде што е прецизирано кога еден член на партијата може да биде исклучен, ниту настапил контра интересите на својата партија во контекст на интеграциите во ЕУ и НАТО.

Ниту имам намера да формирам друга политичка партија за да бидам исклучен, ниту постапив спротивно на партиските интереси, ВМРО – ДПМНЕ отсекогаш била за евроатлантска интеграција, а во Декарацијата што ја поднесовме со другите пратеници јасно стои кои се нашите барања во однос на зачувувањето на идентитетот и македонскиот јазик, само што некој тоа не сака да го види. – вели Арнаудов и повикува на разум и потиснување на суетно и избразно постапување.

На прашање дали тој сега во парламентот ќе делува самостојно или со другите негови сопартијци ќе формираат пратеничка група, Арнаудов, вели дека сѐ уште не разговарале за ова прашање, но додава дека ќе постапат според Делловникот, кој остава простор да се формира пратеничка група со најмалку пет пратеници.

Сепак, истакнува Арнаудов, во однос на ова прашање неговиот личен став е да не се прават дополнителни поделби.

Јас не би се делел во посебна пратеничка група. – вели Арнаудов.

Откако во медиумите излегоа шпекулации дека е можно исклучените пратеници да пристапат кон партијата на Љубчо Георгиевски, Арнаудов е категоричен:

Нема шанси за таква опција, јас останувам во партијата за која сум се борел и во многу други тешки ситуации во државава. – вели Арнаудов и потсетува на деведесеттите години кога вмровците биеја тешка и драматична битка за зачувување на знамето на Република Македонија.

Според претходно објавени информации во медиумите, дека трансферирањето на пратениците во ВМРО Народна партија на Љубчо Георгиевски била една од разгледуваните опции, се уште нема никаква официјална потврда за тоа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести