Аферата за прислушкувањето кои ја најавија Заев и Спасовски ќе заврши со констатацијата дека се работи за обични телефонски централи, но до каде е вината за Груевски

Објавил: Мартин Попоски | 4 декември, 2018 7:51

Аферата на Заев и Спасовски околу прислушкувањето е класичен блеф?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Наредбите за одземање на хард дисковите во барокната зграда се обезбедени дури синоќа, иако стручната јавност не верува во аферата која ја пласираат премиерот Заев и министерот Спасовски.

Ги издал судија на претходна постапка на барање на надлежниот обвинител. Ќе одат на вештачење за да се утврди кој и за што снимал 70-тина обвинители на фиксните телефони во изминатите 5 или две години.

Освен за зградата на кејот, наредби се издадени и за хард дисковите од телефонските централи на обвинителството за организиран криминал, сместени во Апелација. Други детали од обвинителството не открива.

Во меѓувреме упатените се сомневаат дали и колку овој случај ќе заврши со сериозна разврска, бидејќи речиси во секоја институција има набавено телефонска централа која снима.

Прашањето кое го поставуваат е зошто не биле известени вработените? Поранешниот раководител на Службата за следење на комуникации, Станислав Пипан вели дека комуникацијата меѓу обвинителите најверојатно е злоупотребена само одвнатре.

Мислам дека не е афера, познавајќи го народот, повеќето раководители се воајери и сакат да знаат што зборат нивните вработени, а колку тоа го користат е прашање и може да се користи за интерни уцени и притисоци. Мислам дека тука треба да се затвори кругот. – изјави Станислав Пипан – пензиониран раководител на Службата за следење на комуникации.

Во очекување на официјални информации од надлежните органи, опозициската партија прашува дали премиерот Зоран Заев уценувал обвинители и судии, знаејќи ја нивната комуникација.

Очигледно е дека јавните обвинители, обвинителството, судовите, судиите кои соработувале меѓуинституционално биле предмет на надзор, а подоцна и контрола на Заев. Да потсетиме дека Заев однапред ги знаеше пресудите за одредени случаеви. Дали можеби овие разговори биле причината што Заев однапред знаеше кому, колку го следува казна затвор? – изјави Димче Арсовски од ВМРО – ДПМНЕ.

И Заев и министерот за внатрешни порачаа дека одговорност за овој случај мора да има. Додека обвинителството и кривичниот суд се во паника дека некој ги прислушувал, првиот човек на Врховен е релаксиран.

Јово Вангеловски вели дека не се сомнева во снимени разговори во неговата зграда, бидејќи системот на комуникации таму бил инсталиран поодамна.

Од друга страна СЈО воопшто нема телефонска централа, туку само еден фиксен број. Обвинителите на Катица Јанева користат само службени мобилни телефони и затоа немало потреба од инсталирање

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести