Ова е ставот кој првиот човек на интегративците го изнесе во интервју за Евроњус Албанија но вели извнинувањето пред се требало да биде на Албанските гласачи , а потоа и на партијата!

Објавил: Владо Марин | 20 јули, 2020 19:41

АХМЕТИ: Заев да им се извини и да побара прошка од Албанците

Фото/Текст извор: ©Тв 24 вести

Ахмети ќе бара Заев да му се извини и да побара прошка од албанците во врска со разговорите кои излегоа во јавноста!

Ова е ставот кој првиот човек на интегративците го изнесе во интервју за  Евроњус Албанија но вели извнинувањето пред се требало да биде на Албанските гласачи , а потоа и на партијата!

 Али Ахмети ДУИ – Секако, не се почуствував добро со тие навреди… но мислам дека Заев ќе најде сила да побара прошка од Албанците. Тој направи еден чекор, но не вистинскиот, тој таа навреда ја оправда со тоа што кажа дека наводно мислел на ДУИ, но таа навреда не се однесуваше кон ДУИ, туку директно кон Албанците и мислам дека Заев треба да им се извини на Албанците“. 

И додека лидерот на ДУИ чека како што вели извинување од се уште актиелниот коалициски партнер Заев, во албанскиот кампус тешко му оди обединувањето на партиите зад идејата албанец премиер!

 Во телефонски разговор за ТВ 24 Арбен Таравари вели би било нефер спрема нивните гласачи ако сега влезат во пазарења и калкулации со интегративците но и најдобро е додава да ги сочекаат официјалните и конечни резултати од ДИК , но и конкретниот предлог на Ахмети за мандатар .  

И додека лидерот на СДСМ Заев е на одмор а од Бихаќка официјално исцртување на контурите за новиот владин состав најавија по Илинден – Ахмети и натаму прв фронтмен кој покрај телефонските разговори најавува и средби со лидерите на останатите партии од албанскиот блок да ја подржат идејата за мандатар Албанец. 

Коалицискиот партнер на Заев Касами пак исто така без конкретен став откако и тие најавија дека деновиве ќе одмараат.

Од ВМРО ДПМНЕ пак и натаму неодредени. Се надеваат дека и тие ќе формираат влада!

Шефот на државата мандатот пак ќе го додели по конститутирањето на Собранието  но не се исклучува можноста на конститутивната седница да не биде избран и првиот парламентарец.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести