Кристофер Бенет пак кој е портпарол на Специјалното обвинителство за воени злосторства во Косово, , изјави дека сè додека не се поднесе обвинението, не може да се каже зошто и во какво својство е повикан лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Објавил: Катерина Крстиќ | 24 август, 2020 9:34

Ахмети на 2-ри септември ќе сведочи пред Хашкото обвинителство

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вчера Али Ахмети, лидерот на ДУИ, потврди дека бил повикан да сведочи пред обвинителите на Специјалното обвинителство во Косово на 2 и 3 септември.

Кристофер Бенет пак кој е портпарол на Специјалното обвинителство за воени злосторства во Косово, , изјави дека сè додека не се поднесе обвинението, не може да се каже зошто и во какво својство е повикан лидерот на ДУИ Али Ахмети.

„Ние не кажуваме детали за било што во врска со нашата истрага. Информацијата која вие ја кажувате, мислам дека доаѓа од самиот г-дин Ахмети. Ние немаме споделено никаква информација за секој што се појавил, во која било фаза или со кого било разговарано. Едноставно, ние не споделуваме информации за истрагата. Кога настаните и постапките ќе бидат јавни, тогаш ќе објавиме информации и за тоа. Но, ништо претходно не е за јавност“, изјави за Телма Кристофер Бенет, портпарол на косовското специјално обвинителство.

Според она што го вели портпаролот Бенет за да се избегне притисок од јавноста, но и да се заштитат сведоците во случаите во кои како обвинети се појавуваат и високи политички претставници на Косово, Судот и обвинителството се наоѓаат во Хаг но нема нивно седиште ниту претставништво.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести