Човекот на кој конзерваториумите во Швајцарија му дијагностицираа шизофренија, со изјави дека процесот на ЕУ и НАТО интеграциите почнаа и дека за нив нема враќање назад

Објавил: Мартин Попоски | 22 октомври, 2018 10:15

Ахмети: Патот по кој тргнавме е еднонасочен, нема враќање назад

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети се заблагодари за поддршката за пристапување кон уставните измени во, како што вели, овие одлучни времиња.

Изразувам исклучителна благодарност и за 80-те пратеници кои гласаа „за“, додека тие што сакаа да гласаат за, но не ја најдоа потребната храброст да одлучат исправно синоќа, ги повикувам да ни се придружат во понатамошните постапки за заокружувањето на овој процес. – истакнува Ахмети.

Ахмети не пропушти и да појасни дека ова е првичен успех до кој се дошло со работа во тешки околности изминатите недели и дека тие се избрани за да носат храбри и важни одлуки, а не да калкулираат за следни избори и следен мандат.

Нашиот пат кон НАТО и ЕУ е еднонасочен, враќање назад нема. 

Тие 80 пратеници што гласаа „за“, но и тие кои што се воздржаа од гласање, знаат многу добро дека само овој пат ни носи стабилен мир, добри меѓуетнички и добрососедски односи, системски реформи, правна држава и владеење на правото, еднаквост и заокружување на Охридскиот договор, економски развој, повеќе работни места, странски и домашни инвестиции и општествена благосостојба. 

Нашите пријатели од меѓународната заедница се рамо до рамо со нас на овој пат, за да ја направиме Македонија европска. – наведува претседателот на ДУИ и пратеник во Собранието.

Ахмети ја повика и опозицијата да се построи, како што вели, „на исправната страна на прогресот и евроатлантската определба, без задоцнување и понатамошни калкулации“.

Одмор нема. Веднаш продолжуваме со работа за да го заокружиме овој процес. – додава Ахмети. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести