Во истото гостување во Клан ТВ, Ахмети посочи и дека неговата партија планира да соработува со СДСМ на локално ниво во пресрет на изборите, зашто, како што вели, тоа е во интерес на двете партии.

Објавил: Владо Марин | 22 јуни, 2021 18:56

Ахмети: Преговараме со Заев за нова химна и знаме

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Промена на трите државни симболи, знамето, грбот и химната било дел од разговорите меѓу лидерите на СДСМ Зоран Заев и на ДУИ Али Ахмети, пренесе Р. С. Европа!

Ова вчера во интервју за ТВ Клан го изјавил владиниот коалиционен партнер Ахмети. Тој во интервјуто истакна дека прашањето за промената на химната е веќе извесно и дека за тоа немало, како што вели, поголемо противење од неговиот политички партнер.

Се разговарало и за химната и за грбот и за знамето. Овие се прашања за кои е потребен консензус, но ова повеќе ќе зависи од договор помеѓу Македонците. Што се однесува на химната, се разговарало и нема којзнае какво противење и тоа е повеќе прашање на време и мислам дека може да се разговара без резерви“ изјави Ахмети за ТВ Клан.

Во истото гостување во Клан ТВ, Ахмети посочи и дека неговата партија планира да соработува со СДСМ на локално ниво во пресрет на изборите, зашто, како што вели, тоа е во интерес на двете партии.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести