Ахмети рече дека иако мала нашата земја денеска стана 30-та членка на НАТО.

Објавил: Катерина Крстиќ | 11 февруари, 2020 18:59

Ахмети: Јас 20 години, ниту еднаш не ја изгубив вербата за членство во НАТО

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На денешната свечената седница по повод ратификацијата на Протоколот за членство на земјата во НАТО, лидерот на ДУИ, Али Ахмети им се обрати на пратениците при тоа велејќи дека ова е историски ден за Северна Македонија.

Собранието со 114 гласови – ЗА, ниту еден против и без воздржани го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО Алијансата – историски очекуван момент за Македонија. До полноправно членство на земјава во Нато станува уште ратификацијата во парламентот на Шпанија која доцни поради нејзината внатрешна политичка криза.

На овој ден вреди да се потсетиме и да ги спомнеме сите припадници на НАТО, кои го дадоа животот за слободната која отсуствуваше во различни простори, за отсутната демократија, за мирот и стабилноста што беа оспорувани. Јас сум горд што веќе 20 години ниту еднаш не ја изгубив вербата, ниту еднаш не го изгубив трпението, туку верував во големите пријатели, во големите сојузници и  државите кој го водеа овој толку силен  и мирен сојуз ширум светот, рече Ахмети.

Ахмети рече дека иако мала нашата земја денеска стана 30-та членка на НАТО.

Имавме многу разлики, дебати и несогласувања со најдобра намера за да се кажат работите отворено, но сум многу благодарен што за две прашања немало разлики – членството во НАТО и во Европската Унија. – Овие два моментите биле тие што секогаш не држеле заедно сите нас, рече Али Ахмети.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести