Нема да има сини или црвени држави, само САД, заклучи Бајден.

Објавил: Перо Милчин | 5 ноември, 2020 7:01

БАЈДЕН ОБЈАВИ ТРИУМФ: Кога ќе заврши броењето, ЌЕ БИДЕМЕ ПОБЕДНИЦИ- Јасно е дека ќе освојам 270 електронски гласови

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

„Јасно е дека ќе освојам 270 електронски гласови. Јас не сум тука за да кажам дека победивме, туку да верувам дека ќе бидеме победници кога ќе заврши пребројувањето на гласовите“, објави Бајден во своето обраќање во Вилмингтон.

Тој посочи дека повеќе Американци гласале на овие избори од кога било досега во американската историја.

“Повеќе од 150 милиони луѓе, мислам дека е извонредно. Ние го освоивме Висконсин со 20 000 гласа, на ист начин како што Трамп ја освои таа земја пред 4 години. Ние водиме во Мичиген со 35.000 гласови, повеќе отколку што Трамп го освои Мичиген во 2016 година.

Јас длабоко верувам во Пенсилванија. Ние мора да престанеме да ги гледаме нашите противници како непријатели. Јас сум кандидат од Демократската партија, но ќе владеам како претседател на Америка. Ќе работам напорно за оние кои не гласаа за мене, како и за оние кои гласаа. Секој глас мора да се преброи, никој нема да ни ја одземе демократијата.

Во премногу битки Америка го дозволи тоа. Луѓето нема да бидат замолчени и ние нема да се предадеме. Убеден сум дека ќе победиме и дека ова нема да биде само моја победа, туку победа на американскиот народ и демократијата.

Нема да има сини или црвени држави, само САД, заклучи Бајден.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.