Тој посочи дека сега се наоѓаме во период на т.н. „совршена бура“ од ризици за анксиозни и депресивни растројства. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 16 септември, 2020 18:49

Бајрактаров: Следува пандемија на ментални болести!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото цивил медиа

На денешната панел дискусија за влијанието на пандемијата од Ковид-19 врз менталното здравје,  д-р Стојан Бајрактаров, директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за психијатрија во Скопје истакна дека всушност оваа пандемија предизвика и пандемија на менталното здравје.

-Ние посебно внимание обрнуваме на лицата со потешки психички растројства, кои се секако во поголем ризик од оваа криза од многу аспекти, вклучително и тоа дека тие имаат и онака проблеми со својата функционалност и егзистенција, поврзано и со сиромаштија а посебно во оваа криза, рече Бајрактаров.

Тој посочи дека сега се наоѓаме во период на т.н. „совршена бура“ од ризици за анксиозни и депресивни растројства. 

И модерното време и стил на живеење е многу ризичен и за анксиозни растројства и за сите што се помалку нервозни и познаваме многу луѓе за кои порано можеби сме мислеле дека се доста посмирени меѓутоа, гледаме дека оваа криза и кај нив предизвикува една состојба на вознемиреност, напнатост, на сите помалку ни е намалено расположението и сме опседнати со чувство на грижа и вознемиренсот што ќе се случи. Понекогаш имаме и песимистички очекувања за тоа што ќе се случува наредната година бидејќи секојдневно ни доаѓаат вести или информации што да очекуваме, кога ке заврши кризата, дека веќе предолго трае…, рече Бајрактаров.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести