Политиката е нож со две острици. Јас секогаш сум објективен. Кој е на власт, ја сум бил со вас рече Амди Бајрам.

Објавил: Рејхан Бајрами | 5 февруари, 2019 10:20

Бајрам : “Јас сум најстар пратеник со најголемо искуство”

Фото/Текст извор: ©онлине /магазин

Во емисијата Студио 1 на 1ТВ вчера гостуваше лидерот на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам, кој ќе се кандидира за претседателски избори и изјави дека тој е најстар пратеник во собранието со мандати и дека има големо искуство да биде претседател.

Тој изјави дека сака да го спои граѓанството бидејќи Република Северна Македонија наскоро оди во НАТО., а потоа вратата ќе се отворела и за Европа. Рече дека овие денови ќе оди со лајкови, да види дали ќе има десет илјади и еден лајк и сето тоа ќе биде на проба да види дали ќе го прифатат граѓаните. Бајрам нагласи дека ќе бара поддршка од сите пратеници, без разлика од која партија се.

На мојот народ мора да им помогнам на некој начин, а од опозиција не би можел да помогнам. За тоа дали смета дека има шанса да победи и што го прави поразличен, вели дека искуството си го прави своето. Јас сум најстар пратеник во парламентот на Македонија со мандати.

Искуство имам доволно и сакам да го спојам граѓанството од сите националности, да го спојам народот затоа што Република Северна Македонија оди наскоро во НАТО, па се отвора вратата за Европа и тоа е визијата на мојата политичка партија. Јас сум комуникативен, „ластик-систем“, со секого се поздравувам и битно е да се учествува и да остане во историјата. Името да остане вечно, дека постоел Ром кандидат, вели Амди Бајрам.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести