Во хеликоптер од типот "Ми-8 МТВ" на хрватското Воено воздухопловство за време на итен медицински лет од островот Раб се роди женско бебе

Објавил: Мирко Бачиќ | 16 август, 2018 10:41

Бебе се роди во хеликоптер за време на лет над Хрватска

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во хеликоптер од типот “Ми-8 МТВ” на хрватското Воено воздухопловство за време на итен медицински лет од островот Раб се роди женско бебе.

Мајката го родила девојчето пред слетувањето на хелиодромот Делта во Ријека а во моментот на породувањето присуствувал екипаж на Ескадрилата на транспортни хеликоптери на 91-вата Воздухопловна база соопшти хрватското Министерство за одбрана.

Мајката и девојчето се во добра состојба благодарение на подготвеноста и присебноста на медицинскиот тим.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.