Последните години во јавноста беше познат како еден од вмешаните во контроверзната оф-шор фирма Ексико. Името на Луковски се споменуваше и во скандалот “Рекет” како еден од бизнисмените на кои им бил изнуден рекет за да им биде запрена истрага за контроверзни бизниси, но тој како што беше објавено наводно го демантирал таквото тврдење.

Објавил: Весна Петровска | 28 ноември, 2019 18:39

БЕШЕ ОСОМНИЧЕН ЗА РЕКЕТ: Почина Жарко Луковски – поранешен извршен директор на T-Mobile

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Попладнево почина бизнисменот и поранешниот главен извршен директор во „Т-мобиле“ Жарко Луковски, пишува Либертас.

Последните години во јавноста беше познат како еден од вмешаните во контроверзната оф-шор фирма Ексико. Името на Луковски се споменуваше и во скандалот “Рекет” како еден од бизнисмените на кои им бил изнуден рекет за да им биде запрена истрага за контроверзни бизниси, но тој како што беше објавено наводно го демантирал таквото тврдење.

За потсетување, Жарко Луковски беше осомничен за злоупотреба на над 3,5 милиони евра во корист на „Бетон“ АД Скопје, а на штета на акционерите на Т-мобиле, меѓу кои, и државата. Истрагата во СЈО ја води обвинителката Лиле Стефанова, истата која го води и предметот „Империја“ на Орце Камчев.

Луковски важеше за човек близок со високото раководство на ВМРО- ДПМНЕ, а негов кум е Сашо Мијалков.

Неговиот глас го слушнавме во бомбите што ги пушташе опозицијата, како со Миле Јанакиески договараа списоци за гласање на вработени во Телеком.

Жарко Луковски се најде на листата помилувани на Ѓорѓе Иванов по што ескалираа протестите. Тој е близок со Орце Камчев и го поврзуваа со негови оф шор фирми. Луковски бил меѓу неколкуте сопственци на мистериозната фирма „Ексико“ која добиваше милионски тендери од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam