Ивановиќ кој е актуелен советник во Советот на Град Скопје, во 4 очи без тендер, склучил договори за две јавни набавки со Фондот за иновации во висина скоро 43.000 евра

Објавил: Мирко Бачиќ | 10 декември, 2018 7:21

Бизнис партнер на Макрадули со “тендер” во четири очи од Фондот за иновации

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Компанијата „Бригада дизајн“ од Скопје, без тендер, во четири очи, добила две јавни набавки со вкупна вредност 2.632.815 денари (42.810 евра) за наводно организирање на настани за потребите на Фондот за иновации и технолошки развој.

Со ова продолжуваат скандалите на Фондот за иновации по доделувањето на фамозните грантови на компании во сопственот или ко-сопственост на држави функционери, јавува Економски Лидер.

Договорите се потпишани од страна на Јован Деспотовски, директор на Фондот за иновации и технолошки развој.

Освен што сите анализи покажуваат дека 42.810 евра се премногу за организирање на обични мали настани и промоции, кои воопшто не се наведени во договорите со „Бригада дизајн“ па не може да се знае дали воопшто се случиле, скандалозно е и тоа што вкрстените проверки во Централниот регистар и УЈП покажуваат дека компанијата е поврзана со заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули, пишува споменатиот портал.

Сопственикот на „Бригада дизајн“ е советник во Град Скопје и бизнис партнер на Јани Макрадули

По сите скандали кои излегува во јавноста, делува како Фондот за иновации да е претворен во каса за испумпување на државни пари кои потоа завршуваат дирекнои во џебовите на функционерите на владејачката партија.

Проверката во Централниот регистар покажува дека сопственик и директор на „Бригада дизајн“ е Бојан Ивановиќ, советник на владејачката СДСМ во Град Скопје и истовремено косопственик на здружението „Смарт агенда“, каде што покрај него, во централниот регистар како сопственик и овластено лице стои и името на Јани Макрадули, заменик министер за Животна Средина.

Ивановиќ за прв пат стана советник на последните локални избори, а важи за човек кој долги години е дел од владејачката СДСМ.

Проверката во Управата за јавни приходи покажува дека неговата компанија во изминатите две години е постојано во загуба, но, да ја дочекаме завршната сметка за наредната година каде поради приливот на државни пари во четири очи, со договори за недефинирана дејност, можеби ќе се прикаже и одреден профит.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести