Се прославува на 19 јануари кај црквите што го користат јулијанскиот календар (вклучувајќи ја и македонската), а на 7 јануари кај црквите што го користат грегоријанскиот календар.

Објавил: admin@magazin | 15 јануари, 2022 16:46

Богојавление (Водици), е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед

Фото/Текст извор: ©магазин

Богојавление (Водици), е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед!

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ” бр.21/98 и 18/07), 19 јануари 2022 година (среда), Богојавление (Водици), е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Македонија. 

Водици или Богојавление — денот на кој според христијанското предание Св. Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан.

Се прославува на 19 јануари кај црквите што го користат јулијанскиот календар (вклучувајќи ја и македонската), а на 7 јануари кај црквите што го користат грегоријанскиот календар.

Со тоа му се дава значење на крштевањето како една од повеќето свети тајни на христијанството.

Крштевањето значи и духовно раѓање, односно почеток на човековото живеење во верата. Затоа кумот се смета за духовен родител на крстениот и најблизок роднина. Со овој празник завршуваат не само дванаесетте т.н. Некрстени денови туку и циклусот зимски празнувања во кој спаѓаат уште и свеченостите поврзани со Бадник, Божик, Нова Година (Василица) и сл.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.