Секако овој несекојдневен настан не ги остави рамнодушни верниците кои се упатија во манастирот со свои очи да го видат Божјото чудо.

Објавил: Катерина Крстиќ | 10 јуни, 2019 17:03

Божјо чудо: Во манастир плаче иконата на свети Архангел Михаил (ФОТО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вистинско чудо се случи во манастир Крка, во Хрватска. Верниците останаа вчудоневидени и запрепастени од сликата која ги дочека во манастирот.

Плаче иконата на Архангел Михаил во манастирот во Крка…

Според очевидците кои го посетиле овој манастир во последните неколку дена, тврдат дека икона на светиот Архангел Михаил во православниот манастир кој се наоѓа, недалеку од Кистанија во Хрватска, веќе со денови „плаче“.

Секако овој несекојдневен настан не ги остави рамнодушни верниците кои се упатија во манастирот со свои очи да го видат Божјото чудо.

Владиката Никодим за време на литургија соопштил дека иконата мироточи.

-Пред неколку дена во манастирот Крка проплака икона на архангел Михаил која стои на самиот влез на црквата, потврдил владиката.

-Вакви работи не се случуваат случајно. Оние кои не веруваат може да го негираат тоа, но оние кои веруваат знаат дека ова не е случајност и дека нешто следи или можеби е опомена за нешто што правиме- рекол еден од локалните жители.

Патријархот Иринеј, бил известен за ова чудо и самиот потврдил дека ова што се случува е вистинско чудо.

Инаку Манастирот Крка се наоѓа во Далмација помеѓу Книн и Шибеник.Сместен е во кањонот на реката Крка и е направен во времето на кралот Милутин на местото каде апостолот Павле проповедал.Во поново време се претпоставува дека манастирот го изградила Јелена Шубич која е сестра на Цар Душан а бил дограден во 1402 година.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.