петок, 26 април 2024

MK/ EN/ DE



Заедно со својот адвокат Сашо Дуковски пред судијата дадоа објаснување зошто треба да излезе од Шутка. Според Боки 13 неговата здравствена состојба е тешка, односно тој бил во животозагрозувачка здравствена состојба.

Објавил: Катерина Крстиќ | 3 октомври, 2019 11:25

Боки 13 во животозагрозувачка состојба: Треба да бидам жив и здрав, а не мртов

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Бојан Јовановски – Боки 13 кој е првоосомничен во случајот „Рекет“ денес во Апелациониот суд дава исказ пред судија по жалбата за продолжената мерка притвор.

Бојан Јовновски денеска беше однесен во судот

Заедно со својот адвокат Сашо Дуковски пред судијата дадоа објаснување зошто треба да излезе од Шутка. Според Боки 13 неговата здравствена состојба е тешка, односно тој бил во животозагрозувачка здравствена состојба.

Истакна дека неговиот физички изглед, не ја отсликувал вистината за здравствената состојба.

-Имам органски проблем, не сум во добра психичка состојба. Јас сум во животозагрозувачка состојба, оштетен ми е нерв при операцијата на желудникот, која ја направив по своја волја. И покрај волјата на затворскиот лекар да помогне, во затворот нема услови. Дури 81 ден немам соодветна лекарска помош. Белите дробови ми се оштетени, а имам и уште 4 дијагнози на кичмениот столб. Треба да бидам жив и здрав, а не мртов. Јас можеби надворешно изгледам добро, но не се чувствувам добро. Живеам за да ја докажам вистината и да ја докажам својата невиност, истакна Јовановски пренесе Курир.

Имено адвокатот Дуковски денеска до судот достави и медицинска документација со која доктор Спировски Зоран од Клиниката за Торакална хирургија со која се вели дека Боки 13 мора да биде итно хоспитализиран.

„За да не излезе дека плачеме и молиме, сакам да ве запознаам со медицинската белешка. Секој втор ден осомничениот се носи во клиниката за торакална хирургија за да прима терапија и да се интервенира. Има две неуспешни операции и додека е во притвор има големи проблеми. Докторот кој го третира осомничениот ми издаде негов став, а тој предлага неопходна хоспитализација. Може да се случи смртна последица. Професор доктор Спировски Зоран издаде мислење. Поевтино е да биде хоспитализиран во клиника отколку секој ден да го носат на клиника“, рече адвокатот на Бојан Јовановски, Дуковски.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.