Боки во судницата истакна дека инсистирал да дојде иако не е во состојба да ја образложи својата одбрана.

Објавил: Катерина Крстиќ | 3 декември, 2019 11:35

Боки 13: Не сум добро, не можам да го следам судењето- Русковска вели да се слушаат лекарите од 8ми- Септември

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По доцнење од 45 минути започна судењето за случајот Рекет, а сега веќе првоосомничениот Боки 13 кој доцнеше поради тоа што бил на преглед вели дека не може да го следи судењето бидејќи неговата здравствена состојба е влошена.

Не се чуствувам добро, немам добиено терапија за новата дијагноза. Не сум во состојба да го следам судењето. Од сабајле неколкупати повратив. Ова го рече првообвинетиот Бојан Јовановски, познат уште како Боки 13 на почетокот на судскиот процес на случајот „Рекет“.

Боки 13 на обвинителната клупа, тврди дека ен се чувствува добро и дека неговата здравствена состојба е влошена. (ФОТО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ )

Боки во судницата истакна дека инсистирал да дојде иако не е во состојба да ја образложи својата одбрана.

Не ја добивав терапијата која ми е препишана. Испишан сум на први декември од ГОБ 8 Септември под непознати околности, рече Боки 13.

Судијаката во процесот Васка Николовска – Масевска пред судењето истакна дека Боки 13 утринава имал здравствени проблеми, а затворскиот лекар напишал документ дека Јовановски не е свесен психички и физички да го прати процесот, на што Русковска возврати дека ниту еден од лекарите не би сакал да ја загуби својата лиценца.

„Судија, ниеден лекар не би си ја ризикувал работата и лиценцата и да напише дека пациентот, во случајов Бојан Јовановски, дека е во добра здравствена состојба, а да не е добар“, рече обвинителката Вилма Рускоска, повикувајќи се на извештајот на специјалистите од Градската болница „8 Септември“, според кои Јовановски е пуштен од болница во добра здравствена состојба.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести