Тој продолжи со листање на фотографиите, опишувајќи кое парче гардероба му е одземено, а потоа на неговиот профил на „Инстаграм“ покажуваше на кој датум е објавена фотографијата.

Објавил: Владо Марин | 12 март, 2020 12:35

Боки 13 од судница се вклучи на ИНСТАГРАМ: Ги покажува на присутните ташните од “Луј Витон” “Шанел”

Фото/Текст извор: ©А1 он.мк

Бојан Јовановски – Боки 13 на денешното рочиште за случајот „Рекет“, во судницата, застанат пред екранот, листа фотографии и „селфи“ од „Инстаграм“ за да докаже дека гардеробата која му е одземена од Обвинителството тој ја купувал уште во 2013 и 2014 година и дека истата не е купена со пари од рекет, како што се товари, пишува а

„Станува збор за фотографии од предмети кои беа земени од Обвинителството и тоа претставува еден преседан, започна Јовановски, по што беше прекинат од судијката рече Васка Николовска Масевска: „Не сте тука да давате завршен збор”.

Тој продолжи со листање на фотографиите, опишувајќи кое парче гардероба му е одземено, а потоа на неговиот профил на „Инстаграм“ покажуваше на кој датум е објавена фотографијата.

Тој продолжи со листање на фотографиите, опишувајќи кое парче гардероба му е одземено, а потоа на неговиот профил на „Инстаграм“ покажуваше на кој датум е објавена фотографијата.

„Еве на оваа фотографија се гледа ‘Луј Витон’ торба, фотографирана на 8 февруари 2013 година”, коментираше Јовановски, листајќи ги фотографиите.

Понатаму, рече тој има два модели наочари, марка Том Форд во кафеава боја, фотографирани на 10 февруари 2013 година.

Следуваа чевли „Луј Витон“, торба од марката „Фенди“, бродарици марка „Шанел“, шапка „Мисони“, очила за сонце „Шопард“, каиш „Луј Витон“, кратки куси пантолони марка Дискверт, шешир „Панама“, „Балман“ ленена блуза, „Џејкобс“ накит, „Том Форд“ наочари, торба „Баленсиага“ која му била подарок од Марина Туцаковиќ, џемпер „Макс&Kо“, наочари „Шанел“, торба „Ив Сент Лорен“, блуза марка „Диор“.

Тој се уште во судницата ја набројува гардеробата што му била одземена, а за која тврди дека не била купена со пари од рекет.

„Еве, на оваа фотографија се сеќавам добро бидејќи сум сликан на промоцијата на ‘Ја излези Ѓурѓо’ од Некст Тајм” , искоментира тој за една фотографија.

Прикажаните фотографии се направени во период од 2013 до 2019 година.

Денешното рочиште ќе продолжи со приложување на докази од страна на осомничениот Јовановски.

Како што е предвидено, осомничената Катица Јанева на денешното рочиште треба да ги предложи нејзините сведоци.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести