Првообвинетиот во случајот Рекет, Бојан Јовановски најави дека ќе поднесе кривична пријава против Русковска и уште 18 лица и  побара нејзино изземање од случајот „Рекет“.

Објавил: Катерина Крстиќ | 29 јануари, 2020 15:04

БОКИ 13 ШОКИРАШЕ: Ќе ја пријавам Рускоска за корупција од 4 милиони евра

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Шокантно тврдење на Бојан Јовановски денеска во судницата. Имено Боки 13 пред судиите рече дека има докази за корупција од 4 милиони евра во која е вмешана обвинителката Вилма Русковска.

Првообвинетиот во случајот Рекет, Бојан Јовановски најави дека ќе поднесе кривична пријава против Русковска и уште 18 лица и  побара нејзино изземање од случајот „Рекет“.

Бојан Јовановски кој е првоосомничен во случајот Рекет, денеска ја шокираше јавноста со тоа дека обвинителката Русковска е вмешана во корупција тешка 4 милиони евра.

Боки 13 постави прашање до судијката која го води предметот Васка Николовска Масевска за тоа каде да се обрати како да поднесе пријава за корупција во која е вмешана обвинителката Русковска и при тоа рече дека веќе се обратил до обвинителството, но таму го пренасочиле на судот.

Сакам да ве известам за некои важни ситуации во овој предмет. За да не се повторувам, дека од ден во ден мојата здравствена состојба е полоша. Во едно од моите писмени известувања имам пратено и писмо до шефот на ОЈО Љубомир Јовевски. Главното прашање пред овој суд се неколку работи: Се чувствувам како најобесправено лице кое го дише најзагадениот воздух во земјава и за нив судот има подруги ставови. Се чувствувам како заложник од мрачни сили. Од шефот на ОЈО ми беше советувано се да кажеме во суд. Каде да поднесам 19 пријави, меѓу нив и против Вилма Рускоска. Дали лицето Вилма Русковска да го пријавам кај обвинителката Вилма Русковска? Каде да го пријавам лицето Вилма Русковска за корупција од 4 милиони евра за кои имам несоборливи докази,праша Јовановски.

На ова Боки доби одговор дека сѐ што има како пријава и докази треба да ги достави во обвинителството.

Денеска за случајот Рекет сведочеше и Лила Филиповска, која до пред извесно време беше една од најдобрите пријателки на Боки 13, но денеска во судницата кажа дека повеќе не се пријатели.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести