Борисов посочи дека како и останатите држави така и Бугарија е силно погодена од пандемијата на коронавирусот а според неговите информации до сега околу 70 илјади луѓе веќе ги загубиле работните места.

Објавил: Катерина Крстиќ | 13 април, 2020 17:31

Борисов удри по газдите: Можевте да ги продадете луксузните автомобили, а не да бркате работници!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Бугарскиот премиер Бојко Борисов, денеска на средбата со сопствениците на големи компании објави список на работодавачи, кои побарале зголемување на државната помош за справување со кризата.

Борисов посочи дека како и останатите држави така и Бугарија е силно погодена од пандемијата на коронавирусот а според неговите информации до сега околу 70 илјади луѓе веќе ги загубиле работните места.

Борисов посочи дека како и останатите држави така и Бугарија е силно погодена од пандемијата на коронавирусот а според неговите информации до сега околу 70 илјади луѓе веќе ги загубиле работните места.

Имено уште минатиот месец Борисов им посочи на сопствениците на големи компании да ги продадат своите луксузни автомобили и јахти, наместо да бркаат работници и да бараат државна помош.

Борисов смета дека доколку глемите газди се уште го живеат својот луксузен живот, и возат луксузни автомобили, тогаш оваа криза нема да претставува проблем за нив а воедно прочита листа на луксузни автомобили кои се возат во државата и ја шокираше нацијата.

„Денес во сиромашната Бугарија има три Бугати автомобили како што вози Роналдо“, изјави Борисов и додаде: „Има 241 Бентли, 123 Ферари, 54 Мајбах, 22 Мекларен, 87 Ламборџини, 311 Масерати, 84 Ролс Ројс, речиси 4000 Јагуари и речиси 5000 Порше автомобили“.

Борисов вели дека доколку бизнисмените сакале да ги задоволат своите вработени а не да ги бркаат од работа, можеле да намалат од 80-те Ролс Ројс луксузни автомобили кои се возат во Бугарија.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.