Кери Симондс, се породи во лондонската болница, а до неодамна се сомневаше дека има корона вирус и беше во самоизолација.

Објавил: admin@magazin | 29 април, 2020 20:46

БОРИС ЏОНСОН СТАНА ТАТКО: Вереницата на британскиот премиер на свет донесе момче (ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Британскиот премиер Борис Џонсон и неговата девојка Кери Симондс станаа родители на момче.

Кери Симондс, се породи во лондонската болница, а до неодамна се сомневаше дека има корона вирус и беше во самоизолација.

„Премиерот им се заблагодарува на сите вработени во здравствениот дом“, рече портпаролот на Џонсон, пренесува британски Телеграф.

Џонсон (55) и неговата девојка Симондс (32) во март објавија дека ќе постанат родители.

Веста за пристигнувањето на принцот во домот на премиерот доаѓа само неколку дена откако Џонсон се опорави од коронавирусот.

Според британскиот портал, Џонсон претходно објавил дека може да земе породилно отсуство за татковците.

Џонсон и неговата поранешна сопруга Вилер, која е адвокат, неодамна се разведоа. Тие се венчаа во 1993 година и имаат четири деца.
Тие во септември 2018 година објавија дека планираат да се разведат. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.