Буџетот за 2021. година наменет на Министерството за транспорт и врски, ќе овозможи навремена реализација на капиталните инвестиции, како и задоволување на потребите на голем број граѓани. Ова го посочи, министерот на ресорното министерство, Благој Бочварски.

Објавил: Перо Милчин | 1 декември, 2020 12:21

Бочварски: Првите 20-ина километри од автопатот Кичево – Охрид во 2021 година

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски очекува веќе следната година да бидат пуштени во сообраќај првите дваесетина километри.

Буџетот за 2021. година наменет на Министерството за транспорт и врски, ќе овозможи навремена реализација на капиталните инвестиции, како и задоволување на потребите на голем број граѓани.

Ова го посочи, министерот на ресорното министерство, Благој Бочварски.

Во изградбата на автопатот Кичево-Охрид досега се реализирани 350 милиони евра од предвидените 600 милиони.

На автопатот  Кичево – Охрид се завршени сите репроектирања на делницата. Сите клучки се испроектирани, косините, со ревизија на тој проект веќе имаме голем замав. Во вториот дел од годината имаме шест пати поголем прогрес на работите заради тоа што навистина таму се случуваат обемни градежни зафати и досега имаме околу 350 милиони евра инвестиции на овој автопат од 600 милиони евра коишто се предвидени.

Така што, можам да кажам дека ќе имаме силна динамика и во наредната година, истакна Бочварски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Од Синдикатот на контролори на летање велат дека се единствени, а добиваат се поголема поддршка од вработените. Доколку не се исполнат нивните барања, продолжуваат со штрајк секој четврток од 11 до 17 часот, но не ја исклучуваат можноста и за негово интензивирање

Денеска 6 часа без полетувања и слетувања на аеродромите во Скопје и Охрид, поради штрајк

Денеска на двата аеродрома во државата, скопскиот и охридскиот, 6 часа ќе нема полетување...

Кандидатите треба да достават и доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

ЈСП ОБЈАВИ ОГЛАС ЗА ВОЗАЧИ Кандидатите треба да имаат минимум 2 години возачко искуство

ЈСП „Скопје“ објави оглас за вработување на возачи. На веб страната на јавното претпријатие...

Патничките возови 601 на релација Скопје – Велес и 2080 на релација Велес – Скопје нема да сообраќаат во периодот од 26 јуни до 10 јули, освен во недела кога ќе сообраќаат според возниот ред, информираат од ЈП ЖРСМ Инфраструктура.

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули! Патничките...