Очигледно е дека еден значаен дел од јавноста е сензибилизиран за вредностите како што се независноста на медиумите, слободата на изразување, плурализмот на мислењата и уредувачката автономија.

Објавил: admin@magazin | 28 мај, 2019 20:28

БРАНКО ГЕРОВСКИ: “Свака будала има своју радост„

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Злобата и апологетите на власта не ме вознемируваат и дека борбата продолжува, напиша новинарот Бранко Героски на Фејсбук, после неговото напуштање на уредничката позиција во весникот “Слободен печат”.

Новинарот Бранко Героски, рече дека почнувајќи од утре, на порталот Плусинфо, граѓаните ќе ги читаат неговите колумни. Во негов добро познат стил. Тој рече дека ја најавува и темата на неговиот утрешен текст – бомби, рекет и уцени во политичкиот естаблишмент.

Тој им се заблагодари на сите кои го поддржаа и разбраа неговиот гест со напуштањето на оваа позиција.

Како беше она… ах да – борбата продолжува!
Им се заблагодарувам на сите колеги и пријатели кои денес ми упатија поддршка, било јавно, било во директна комуникација со мене. Да бидам искрен, таа поддршка ме трогна, бидејќи не очекував толку многу луѓе толку сериозно да ги разберат мојот гест и вистинските причини што го предизвикаа моето напуштање на кормилото на “Слободен печат”.
Очигледно е дека еден значаен дел од јавноста е сензибилизиран за вредностите како што се независноста на медиумите, слободата на изразување, плурализмот на мислењата, уредувачката автономија и слично. Тоа ми дава поттик силно да се посветам на мојата работа и на мојата борба за тие вредности на либералниот журнализам.
Злобата и лагите на апологетите на власта не ме вознемируваат. Редно е малку да се порадуваат нашиот познат паланечки филозоф (се умори човекот пишувајќи за Евровизија и педантно, сламка по сламка, фалејќи ја, волшебната метла на Заев), нашиот уште попознат поликлинички случај кому забрзано му ги товарат бисаѓите (оти не се знае кога може повторно да стане невина жртва на напад со тап нож, а без 500 евра в џеб тоа, нели, не може да се преживее) и на сличните од таа екипа ебиветровци. Една српска поговорка вели – свака будала има своју радост.
Ве известувам дека почнувајќи од утре, на порталот Плусинфо ќе ги читате моите колумни. Во мојот добро познат стил. Ја најавувам и темата на мојот утрешен текст – бомби, рекет и уцени во политичкиот естаблишмент.
Да заклучам. Секој што се понадевал дека ќе бидам замолчан, на овој или на оној начин, се излажал. Борбата продолжува!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...