По бурните реакции на јавноста, бизнисмените Лотески ќе ја платат казната во охридската Капетанија и ќе го стипендираат малиот Марко

Објавил: Мирко Бачиќ | 6 септември, 2018 7:14

Браќата Климе и Јован Лотески ќе ја платат казната и ќе му доделат стипендија на малиот Марко

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Браќата Климе и Јован Лотески по објавената вест во врска со постапката на Капетанијата на пристаништата на Република Македонија во Охрид, се јавија со реакција.

Браќата Климе и Јован Лотески ќе ја платат казната за таткото на Марко Пејчиноски, која му ја изрече Капетанијата на пристаништата во Охрид, затоа што кајчето со кое го тренирал Марко небило регистрирано два месеци, но и ќе му доделат годишна стипендија на малиот херој.

Во продолжение целото обраќање до јавноста на Лотески:

„Ние, браќата Климе и Јован Лотески од Охрид, се восхитуваме на херојскиот подвиг на Херојот Марко Пејчиноски, чудо од дете. Јас Климент Лотески и мојот брат Јован Лотески уште утре спремни сме да ја платиме казната кои ја изрекле господата од Капетанија и Езерска Полиција од Охрид и ќе ја платиме.

Воедно нашата фирма „Лоте Компани“ на младиот Херој Марко ќе му врачиме една мала скромна награда во висина од 500 Евра годишна стипендија, но спремни сме во секој поглед и понатака да ги подржиме и спонзорираме сите пливачки натпревари на овој најголем човек на македонското пливање во историјата. И јас и брат ми од кога знаеме за себе сме во езерските води, но ваков Херој како Марко се раѓа еднаш на 100 години.

Згрозен сум од срамниот чин на Капетанијата, но уште сме погорди што во последните години се роди дете, кое и покрај сите свои здравствени проблеми, успеа да го преплива Охридското Езеро, во временски услови во кој и најголемите маратонски имина се откажувале. Марко, ние брајката Климе и Јован Лотески, горди сме на тебе иако лично не те познаваме, но тебе и на твоето семејство, секогаш ќе Ви бидеме верни пријатели и секогаш од срце ќе помагаме за сите идни ваши потреби.” – ќе истакне Климе Лотески сопственик на градежната компанија „Лоте“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести