Брентон Тарант терористот кој изврши масакр во Нов Зеланд, му се заканувал на Ердоган

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 март, 2019 21:24

Брентон Тарант, терористот кој изврши масакр во Нов Зеланд му се заканувал и на Ердоган

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Брентон Тарант е 29 годишниот, терорист кој денеска изврши масакр врз две џамии во Нов Зеланд. 

Тој  Според полициските извештаи, убил 49 лица, а десетици повредил. По овој крвав масакр преживеаните излегоа со потресни изјави. Фарид Ахмед изјави: “Луѓето бегаа, вратите беа затворени, а тој ги бркаше. Знаев дека немам шанси. Се сокрив под една клупа. Се правев дека не дишам. Менуваше муниција 7 пати”. Уште еден жив сведок на крвавиот настан зборува за сликата која ја видел откако бил на молитва. Тој вели имамот ја започнал молитвата кога го слушнале пукањето, па откако видел како луѓето бегаат на сите страни сфатил за што станува збор. Вели дека постојано се молел на Бог да снема куршуми а цела среќа што останал жив му ја препишува на еден човек кој го предупредил да не излегува.

Инаку Тарант е екстремно десничарски насилен терорист кој по масакарот, се обиде да избега со својот автомобил, но полицијата успеала да го совлада а утре ќе биде изведен пред суд.

Од целиот свет птистигнуваа пораки за сочуство, по немилиот настан, но претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, вели дека се очекува нов терористички напад доколку западните земји не преземат ригорозни мерки. Инаку терористот Брентон Тарант му се заканувал на Ердоган преку социјалните мрежи. Ердоган ги повика сите светски сили, да преземат итни мерки против тероризмот, кој според него го загрозува целото човештво. По денешната молитва, во турскиот град Дијарбакир и во стотици други градови каде има мнозинство муслимански верници се одржа протест. Тие ги обвинуваат западните земји бидејќи не прават ништо за заштита на муслиманите. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести