До 12 часот денеска бројот на заболени со Коронавирус достигна 136, а во текот на ноќта почина уште едно лице како последица од вирусот. Станува збор за маж на 63 годишна возраст од Дебар. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 март, 2020 17:16

БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ ОД КОРОНАВИРУС ПОСТОЈАНО РАСТЕ: Во Македонија нови 22 случаи, вкупно 136 заболени!

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Во изминатите 24 часа се регистрирани 22 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (15), Дебар (4), Куманово (2) и Охрид (1).Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот, изнесува 136.

До 12 часот денеска бројот на заболени со Коронавирус достигна 136, а во текот на ноќта почина уште едно лице како последица од вирусот. Станува збор за маж на 63 годишна возраст од Дебар. 

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
– Скопје (81) – од кои едно лице е од Богданци, а живее во Скопје
– Дебар (40) – од кои 1 починат
– Штип (7)
– Куманово (3) – од кои 1 починат
– Кавадарци (2)
– Охрид (2) – од кои 1 лице е од Скопје а е во иозлација во Охрид
– Гостивар (1).

Претходно министерот за здравство Венко Филипче, апелираше до граѓаните да се придржуваат до мерките, и да се разбуди свеста кај граѓаните.

Коронавирусот е вистинска опасност, секој од нас носи огромна одговорност во оваа битка. Искрено се надевам дека свеста се буди кај сите граѓани, бидејќи без вас не можеме да победиме. Мерките мора да се почитуваат, ги носиме за заштита на јавното здравје, за да спасиме животи. Седете дома, заштите се себеси, заштитете ги најблиските.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести