Два дена, два тешки пада за државата, во две клучни области: борба против корупција и економија.

Објавил: Рејхан Бајрами | 31 јануари, 2021 18:04

БРУКА И СРАМОТА: ЗАГАДЕН ТОАЛЕТ СКРШЕНИ ВРАТИ – Вака изгледа амбулантата во Ѓорче Петров

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Погледнете како изгледа амбулантата во Ѓорче Петров 2, по 4 години власт и безброј лажни ветувања за нова, се гледа на фотографиите објавени на социјалните мрежи од лидерот на Вмро-Дпмне, Христијан Мицкоски!

Не е до перцепецијата, до лоповлукот на Владата е!

Нов шамар за Владата, ново соочување со реалноста.

Нов пад денес, овој пат на листата на Heritage на индексот за економски слободи.

Падот е за цели 8 места за една година. Од 33-то на 41-то место оваа година. Пред нас се Казахстан, Руанда, Боцвана.

Државава падна, од групата на главно слободни држави, во групата на умерено слободни земји.

Како една од забелешките се јавните трошења на државата за социјални трансфери, поточно поткупот кој го правеше Владата за време на изборите, наместо инвестирањето во капитални трошења.

Воедно, се забележува на високото ниво на корупција и недостатокот на борба против криминалот.

Два дена, два тешки пада за државата, во две клучни области: борба против корупција и економија.

Сите меѓународни институции алармираат на она што се случува во државата. Ниту правда има, ниту развој на економијата.. Ова е полошо од мафија.

Оваа Влада ја краде иднината на сите и ја распарчува државата. Потребни се оставки, одговорност и обезбедување на иднина, вели Мицкоски!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести