Инаку сега, шега на страна ,,БРАКОТ,, на реисот Сулејман Реџепи e присилен! Една од причините за овој  ,,брак,, e понижување пред Бајрам, што е и направено...

Објавил: Катерина Крстиќ | 24 мај, 2020 11:33

Буревесник: РЕИСОТ РЕЏЕПИ БИЛ ПРИСИЛЕН НА БРАК ГО МЛАДАТА ЕМИНЕ?

Фото/Текст извор: ©буревесник

Новинарот Зоран Божиновски, новинар и уредник на Буревесник, вчера на својот официјален Фејсбук профил објави дека Реисот Реџепи бил присилен на бракот со 24-годишната Емине Јетиши од Скопје, а како што тој посочува во својата објава една од причините е понижување пред Бајрам.

Вчера Реисот Сулејман Реџепи одлучи повторно да стапне на лудиот камен, и стапи во брак со Емине Јетиши.

Инаку сега, шега на страна ,,БРАКОТ,, на реисот Сулејман Реџепи e присилен! Една од причините за овој  ,,брак,, e понижување пред Бајрам, што е и направено, тврди Божиновски…

Сега Реисот е венчан практично за ДУИ, по налог од врвот на партијата тој е натеран на граѓански брак со ЕМИНЕ ЈЕТИШИ, потпретседателка на партиски огранок на ДУИ. Овде ниту има, ниту ќе има љубов, позадината е финансиско политички интерес. Суљо и ДУИ си имаат нерасчистени должничко доверителски односи, а тој е постојано на работ на “летање” од ИВЗ, огромен финансиски криминал е направен, многу кривични истраги се стопирани пред подигнување на обвинителните акти, па во ДУИ смислиле дека со венчавка за нивна партиска функционерка од понизок ранг, ќе можат да го ограбат Реисот пред неговиот поглаварски крај… И ова го немавме видено, ама го видовме…. пишува Зоран Божиновски.

За Реџепи веќе е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство, бидејќи, според сознанија на луѓе во ИВЗ, а како што стои во пријавата, тој незаконски ги трошел парите на верниците.

По истиот предмет сега постапува и Државната комисија за спречување на корупцијата.

Во контекст на трошењето на парите на ИВЗ, пет години Исламската верска заедница немала поднесено финансиски извештај за своето работење до Управата за јавни приходи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...