Бутина за  Си-би-ес изјави дека во затворот „вриело од бубашваби“, а немала душек и ќебе.

Објавил: Катерина Крстиќ | 5 ноември, 2019 11:36

Бутина за затворот во САД: Тоа беше тортура, врие бубашваби, а нема ни душек

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Русинката Марија Бутина казната затвор која ја издржуваше18 месеци во САД, поради шпионажа ја опиша како вистинска тортура.

Бутина за  Си-би-ес изјави дека во затворот „вриело од бубашваби“, а немала душек и ќебе.

-Тоа е тортура. Не е нормално еден човек да биде затворен 23 часа самиот со себе – изјави Бутина.

Русинката Марија Бутина (31) која призна дека работела како таен агент за Кремљ, осудена е во САД на 18 месеци затвор.

Таа додаде дека ѝ помогнала верата во Бог кој, како што рече, секогаш бил тука, пренесе „ТАСС“.

Инаку Бутина беше уапсена минатата година на 15 јули во Вашингтон, во пресрет на состанокот на Владимир Путин и Доналд Трамп во Хелсинки.

Како што тогаш објавија американските медиуми, тие тврдеа дека била руска шпионка. Попрецизно, обвинета е за „развој на односи со американски лица и инфилтрирање во организации кои имаат влијание врз американската политика заради остварување на интересите на Руската Федерација”.

Американското министерство за правда утврди дека Русинката од 2015 до 2017 година работела „според упатства на висок официјален претставник на руската Влада”. Министерството објави дека тој функционер е под санкции, а американските медиуми открија дека станува збор за Александар Торшин, функционер на Руската централната банка. Шпанските иследници, инаку, го поврзуваат Торшин со руската мафија и перење пари во странски банки.

Како што објави „Вашингтон пост”, „приватниот однос” на Бутина со неидентификуван човек кој се наведува во судските документи се совпаѓа со описот на Ериксон. Иако Бутина живеела со овој човек, врската им била „лажна”, рекоа обвинителите, и наведоа дека таа само го искористувала за своите цели.

– Бутина најмалку еднаш понудила секс во замена за позиција во група од интерес, рекоа обвинителите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести