Тој во четврток ќе има средба и со бугарскиот претседател, Румен Радев.

Објавил: Владо Марин | 9 декември, 2020 8:28

Бучковски во Софија: Се среќава со Захариева, Борисов и Каракачанов

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Владо Бучковски, денеска ќе ја оствари првата официјална посета на Софија откако е назначен за специјален претставник на македонската Влада за решавање на спорот со Бугарија, пренесе 360 степени!

„За време на мојата посета на Софија, ќе имам состаноци со премиерот Бојко Борисов, министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева и министерот за одбрана, Красимир Каракачанов“, изјавил Бучковски за БГНЕС.

Тој во четврток ќе има средба и со бугарскиот претседател, Румен Радев.

„Доаѓам на покана од бугарската влада. Доаѓам како ваш голем пријател и со голема добра волја“, вели Бучковски за БГНЕС.

Официјалната посета на Бучковски во Софија доаѓа на помалку од една недела откако тој беше назначен за специјален претставник на македонската Влада за решавање на спорот со Бугарија.

Поранешниот премиер и министер за одбрана, како и некогашен лидер на СДСМ, последниот период беше често присутен и на медиумите во Бугарија, каде што ги пренесува своите ставови во однос на надминувањето на недоразбирањата со С Македонија.

Бучковски, универзитетски професор по Римско право, сега е ангажиран на докторските студии на бугарскиот државен универзитет „Уни БИТ“, а исто така е дел од мрежата „Jus Romanum“ на Софискиот универзитет.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести