Поради разведрувањето, во сабота ќе имаме многу постудено утро со минимални температури во интервалот дури од -1 до 10 степени во најтоплите предели од државава, додека на високите планини ќе биде уште постудено.

Објавил: Весна Петровска | 17 септември, 2019 13:54

ВАДЕТЕ ЈА ТОПЛАТА ОБЛЕКА ОД ПЛАКАРИТЕ: Вонредна временска прогноза

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Драстична промена на температурите во Македонија, најавуваат метерозлозите.

Според нивните анализи температурите се значително под просекот за овој дел од годината, но ќее има и северен ветер со услови на студениот фронтален систем кој од четврток ќе ја зафати нашата држава.

Исто така во четврток ќе има зголемена облачност и се очекуваат повремени врнежи од дожд, претежно со слаб до умерен интензитет и од локален карактер.

Денес и утре преку ден ќе биде најтопло, а максимумот на температурите ќе се искачува во интервалот од 28 до 35 степени, додека во четврток ќе бидат во интервалот од 21 до 29 степени.

Веќе во петок, максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 25 степени.

Очекувајте голема промена на времето

Поради разведрувањето, во сабота ќе имаме многу постудено утро со минимални температури во интервалот дури од -1 до 10 степени во најтоплите предели од државава, додека на високите планини ќе биде уште постудено.

Ниски температури наутро ќе имаме и во недела, како и на почетокот од следната недела, па поради ваквата ситуација, доколку излегувате наутро, од сабота натаму ЗАДОЛЖИТЕЛНО со вас да понесете топла облека.

Инаку, кога сме веќе кај студениот бран кој ќе не зафати, да информираме дека најновите анализи укажуваат на тоа дека зимата 2019/2020 ќе биде постудена за разлика од изминатите, со почести и посилни студени бранови.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...