Но има неколку работи кои треба да ги знаете пред да тргнете на пат во Грција.

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 јуни, 2019 10:47

Важна Вест: Правила што треба да ги знаете ако одите во Грција

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поголемиот дел од македонците својот годишен одмор го користат за да ја посетат Грција, и тоа од повеќе причини, бидејќи е најблиску, бидејќи морето е најтопло што е од голема важност доколку се оди на летување со деца.

Но има неколку работи кои треба да ги знаете пред да тргнете на пат во Грција.

Грција се состои од планинско, полуостровско копно кое излегува на море на јужниот дел на Балканот, пелопонескиот полуостров (одделен од копното со каналот на Коринтскиот Теснец), и бројни острови (1400, од кои 227 се населени), вклучувајќи ги Крит, Евбеја, Лезбос, Хиос, Додеканезите и Кикладите, островски групи во Егејското Море, како и островите во Јонското Море. Грција ја има десеттата најдолга брегова линија во светот со должина од 14.880 km; нејзините копнени граници се долги 1.160 km.

Најпрво треба да знаете дека во населени места има ограничување на брзината за автомобил (со или без приколка) и максималната дозволена брзина е 50 км на час, додека пак на автопат ограничувањето за автомобил е 130 км на час. 

Треба да знаете и особено да бидете внимателнисо мобилниот телефон. Во Грција е забранета употребата на мобилен телефон, па доколку направите ваков прекршок ќе треба да платите 100 евра. Дозволена е употребата на HANDS FREE. 

За итен случај мора да ги знаете телефонските броеви на полиција и амбуланта.

Полиција 100/112 Амбуланта 166 во Атина/ 112 Пожарна 199/112 Специјален број на туристичка полиција 171 ЕЛПА (инфо центар) 901 124 1600 ЕЛПА (аларм центар) 10400

Секако кога сме на одмор не размислуваме за последиците и речиси секој од нас се опушта и не размислува колку ќе испие. Но дозволено количество на алкохол во крвта е 0,05%, за нови возачи (дозвола до 2 години) и моторцилкисти 0,02%.

За влез во Грција не е потребна виза. Потребни се : Зелен картон, меѓународна возачка дозвола и дозвола за управување со туѓо возило, ако возилото не е лична сопственост.

Автомобилот мора да биде опремен со сите ремени, задолжитено за сите седишта. За родителите: задолжително е носење седиште за деца до 3 години, деца над 3 години, а пониски од 1,35м на задно седиште во детско седиште, постари од 12 г. и повисоки до 1,35 можат да користат ремени за возрасни.

Во Грција за моторцикли и мопеди задолжително е средно светло дење. Треба да имате сет за Прва помош и задолжително ПП апарат, задолжително Триаголник.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.