Понекогаш две кратки реченици, знаат детално да го опишат политичкиот момент на реалноста кога некој сериозно се вмешал во внатрешните работи на твојата држава

Објавил: Мирко Бачиќ | 18 октомври, 2018 8:15

Ванковска го “отера” Вес Мичел во широки пространства

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Угледната професорка Билјана Ванковска, на социјалните мрежи, исто така испрати искрена порака до заменик помошникот државен секретар на САД, Вес Мичел.

Имено реакциите на професорката Ванковска, најверојатно беа резултат на писмото кое Мичел го упати до претседателот на најголемата политичка партија во Македонија, ВМРО – ДПМНЕ, во кое директно побара, Христијан Мицкоски да “интервенира” во процесот за уставни измени со поддршка за нивно имплементирање.

Мицкоски на писмото од Мичел, возврати со свој одговор а професорката Ванковска, со свој пост му порача на Мичел “широки пространства”.

Dear Wess, please fuck off! Friendly yours, the Macedonians. – напиша Ванковска.

Со реакции на нејзиниот пост и т.н. “навредлив речник” се огласија провладини новинари, министри, пратеници, при што Ванковска на својот профил на социјалните мрежи грижливо ги споделуваше нивните коментари на нејзината порака, внимавајќи да не изостави некого, затоа што тоа за нејзе е исто така архивирање на вистината.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести