Денес сме тука да ги поддржиме Македонците од оваа страна на границата. И да испратиме јасна порака дека ние сме Македонци коишто зборуваат македонски јазик и доаѓаат од Македонија.

Објавил: Мате Парлоф | 30 октомври, 2022 14:01

Вербален инцидент во Благоевград – граѓанин го нарече Мицкоски предавник

Фото/Текст извор: ©fokus

Вербален инцидент се случи денеска во Благоевград меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и граѓанин кој носеше звучник од кој одекнуваа патриотски песни.

Инцидентот се случи по отворањето на клубот кога гостите и домаќините се упатија кон споменикот на таткото на Гоце Делчев.

Нарекувајќи го Мицкоски предавник, граѓанинот побара од него да зборува бугарски по што насобраните граѓани почнаа да извикуваат „Македонија, Македонија“.

Денешното отворање на клубот се одржува со засилено полициско обезбедување и голем медиумски интерес.

Денес сме тука да ги поддржиме Македонците од оваа страна на границата. И да испратиме јасна порака дека ние сме Македонци коишто зборуваат македонски јазик и доаѓаат од Македонија, рече Мицкоски!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести